Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Општина Ресен го продолжи рокот за пријавување штети на земјоделски насади од голомразица
Пријавувањето на штетите се врши за природната непогода регистрирана во периодот од 1 до 4 мај годинава, која го зафати подрачјето на Општина Ресен.
Општина Ресен го продолжи рокот за пријавување штети на земјоделски насади од природна непогода, голомразица на територијата на таа општина. Пријавувањето сега може да се врши најдоцна до 30 јуни.
– Пријавувањето на штетите се врши за природната непогода регистрирана во периодот од 1 до 4 мај годинава, која го зафати подрачјето на Општина Ресен. Оштетените површини се пријавуваат според насадената површина, односно според соодветната површина што лицето ја поседува во ЕРЗС на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – соопштија од локалната самоуправа.



