вести

Се забранува увоз на говеда, млеко и млечни производи од речиси цела Грција

Агенцијата за храна забранува увоз и транзит на говеда од Грција за да се спречи внесување на вирусот на болеста јазлеста кожа. Болеста ја пренесуваат комарци и слично како кај болеста „син јазик“, можно е нејзино масовно ширење.

Решението за забрана на увоз и транзит на говеда и диви преживари се однесува на пратки што потекнуваат од десетина региони во Грција меѓу кои се и Солун, Kукуш и Серес. Во Агенцијата за храна велат дека освен живи животни, од Грција се забранува и увоз на семе од говеда, говедско месо, производи и преработки од говедско месо, млеко и производи од млеко од говеда, како и нуспроизводи од говеда.

se zabranuva uvoz na goveda mleko i mlechni proizvodi od rechisi cela grcija

 

Експертите велат дека можност за пренесување кај луѓето нема, но економските штети за говедарството се големи бидејќи животните мора да се усмртат.

Самото име на болеста кажува дека како последица на болеста на кожата се појавуваат јазли и месото не е за употреба. Генерално се јавува во Африка, но има забележано епидемии во делови од Блискиот Исток.

Симптомите кај говедата може да бидат од благи до многу тешки и помладите животни се обично посериозно погодени. Животните се со симптоми како настинка, без желба за храна. Имаат слуз од очите и носот, пад на количините млеко, а се губи и тежината на животното.

Најочигледен знак се јазлите на кожата која може да се јави на муцката, ноздрите, главата, вратот, грбот, нозете, вимето, очните капаци, носот и усната слузница.

Во тешките случаи може да настане од воспаление на тетивите и тежок оток на градите и нозете.

Абортусот кај женските грла е речиси неизбежен кај сите заболени, а тие кои преживуваат остануваат стерилни. Инкубацискиот период е од две до четири недели.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close