вести

Остатокот од жетва е природен ресурс кој не треба да се пали

Голем дел од земјоделците ја палат сламата по жетва, иако е забрането со закон. На овој начин и штетат на почвата, која со палење на остатоците губи во квалитет, а истата и може да послужи како органско ѓубриво.

ostatokot od zhetva e priroden resurs koj ne treba da se pali

 

Од Агенцијата за поттик и развој на земјоделството порачуваат дека бенефитите од искористувањето на сламата по жетва се повеќекратни и дека спроведувањето на добрата земјоделска пракса, што е услов за добивање на субвенции, подразбира и искористување на жетвените остатоци како суровина или биомаса, како дел од барањата на Европската Унија за зачувување на природната средина.

Брикетирањето на сламата во поново време е исплатлив агробизнис. Овој природен ресурс, освен во домаќинствата, може да најде примена и во градинарското производство, сточарството за загревање на шталите и оранжериите.

Само во источниот регион од околу 30.000 хектари под житарки може да се добијат околу 30.000 тони слама, која доколку не се пали, а се преработи и искористи за загревање, ќе замени околу 100.000 кубни метри дрва.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close