fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Пилешкото поскапо од телешкото

Зошто вртоглаво пораснаа цените на пилешкото и мисиркиното месо? Ова е прашање кое се почесто го поставуваат незадоволните потрошувачи, бидејќи и без помош на статистичарите, забележуваат дека за иста количина од овие прехранбени артикли треба да се одвојат се повеќе денари денес.

Зошто вртоглаво пораснаа цените на пилешкото и мисиркиното месо? Ова е прашање кое се почесто го поставуваат незадоволните потрошувачи, бидејќи и без помош на статистичарите, забележуваат дека за иста количина од овие прехранбени артикли треба да се одвојат се повеќе денари денес.

Долго време живиното месо, особено пилешкото, беше најдостапно за просечните и посиромашните потрошувачи бидејќи цените на тоа месо беа меѓу најевтините. Така, цената на пилешкото филе беше на исто ниво со поевтините позиции на говедско месо и двојно поевтино од телешкиот бут. Таквите цени на пилешкото беа стабилни со години. А потоа во 2020 година започна нивното искачување. Главно како резултат на пореметувања на глобалниот пазар предизвикани од пандемијата Ковид-19. Птичјиот грип, исто така, имаше значаен придонес во зголемувањето на цените, поради што милиони кокошки, од оние кои беа штотуку изведени од јајцата до најстарите, мораше да бидат евтаназирани, пишува Денар.

Најновото поскапување на пилешкото, мисиркиното и другата живина е директна последица на пореметувањата на пазарот предизвикани од руската инвазија на Украина. Цените на енергетските производи и житарките вртоглаво пораснаа, кои заедно со цената на трудот и секако цената на државата се главните импути за живинариите.

Кога цените на влезните производи растат, не треба да се биде особено јасновидец за да се знае каков ќе биде резултатот од таквото зголемување изразен во цените на готовите производи. Значи денес го имаме тоа што го имаме. Пилешкото, кое до неодамна беше храна на сиромашните, порасна во незамисливи размери. Така дојде до точка цената на килограм пилешко да е еднаква или ја надминува цената на телешкото бутче, а е речиси двојно поскапо од најквалитетното свинско филе.Дел од производителите на пилешко и мисиркино месо во регионот тврдат дека нема простор за неоправдани поскапувања. Нивната оценка е дека цените веројатно го достигнале работ на можностите на купувачите, па со прекумерно зголемување на цените би работеле на своја штета.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close