вести

Откупниот центар на Агрофруктус – Струмица доби нов управител

Хрватотот Дејан Алексиќ е новиот управител на откупниот центар Агрофуктус во Струмица која е во сопственост на истоимената хрватска компанија.  Управител на еден од најголемите откупни центри на овошје и зеленчук во Струмица досега беше Тања Занова.

otkupniot centar na agrofruktus strumica dobi nov upravitel

 

Центарот е отворен во 2011 година, а тогаш беше во сопственост на хрватскиот конгломерат Агрокор на Ивица Тодориќ. Минатата година тие ги продадоа своите подружници односно го продаде бизнисот за откуп на свежо овошје на Денис Матијевиќ – сопственик на Агрофруктус со што и откупниот центар во Струмица доби нов сопственик.

Тука главно се откупуваат пиперки и лубеница. Има 60 вработени, 730 кооперанти и годишен капацитет од 50.000 тони свежо и производи главно од околината на Струмица. Извезуваат во Австралија, Канада, Швајцарија, САД, Либија, Израел, Германија, Словенија, Босна и Хрватска.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close