Агро бизнисВестиТоп вести
Постудено и претежно облачно со повремени врнежи од дожд
АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во текот на ноќта и денес ќе има повремени врнежи од дожд особено во западните делови каде се очекува локално да наврнат и над 25 l/m² дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на влажен бран од Медитеранот до сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќва и утре, кога се очекува локално да наврнат и над 25 l/m². Утре ќе дува умерен југоисточен ветер, особено долж Повардарието. Потоа следува претежно стабилно време со потпросечни температури за овој период од годината.





