fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

Пад на нивото на водата на македонските езера

После Преспанското езеро каде состојбата со повлекувањето на водата е и повеќе од алармантна, пад на водостојот се забележува и кај Охридското езеро. Повлекувањето на водата е највоочливо кај пристанишните делови, а на местата кои беа под вода се појави воочлив каменест дел.

Од Eлектрани на Македонија објаснуваат дека езерото се празни поради чистење на истекот на реката Црн Дрим во Струга, како причина се наведува и сушниот период, но хидробиолозите велат дека ваквите варијации на водата штетно делуваат и го ставаат во опасност опстанокот на животинскиот и растителниот свет во езерото.

Научната фела постојано сугерира дека водата од Охридското езеро не смее да се користи за производство на електрична енергија во спротивно велат секое погрешно менаџирање може да остави сериозни последици.

Во моментов сепак најзагрижувачка е состојбата со Преспанското езеро чија вода од ден во ден се повеќе ја снемува. Од бреговите на различни места водата е повлечена од 200 метри па и до 4 км. зависно од географската поставеност.

Од Министерството за животна средина велат дека веќе се интензивираат планираните мерки во делот на прекуграничната соработка со земјите кои го делат езерото преку формирање работни тела кои преку научни истражувања и планирани проекти ќе се обидат да го спасат овој природен басен.

Но дали најавите ќе се реализираат и во пракса, а не само на хартија како досега е неизвесно.

Извор: 24.мк

Слични написи

Back to top button
Close