fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Условот за предавање на јагниња во кланичните центри се намалува од 50% на 30%

Трипуновски најави добри вести за одгледувачите на овци. 

Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски најави добри вести за одгледувачите на овци.
Трипуновски вели дека на владина седница донесена е важна одлука која директно им излегува во пресрет на барањата на сточарите. Односно, условот за предавање на јагниња во кланичните центри се намалува од 50% на 30%.
-Оваа одлука е резултат на континуираниот дијалог со сточарите и спроведена анализа од страна на Министерството. Продолжуваме да работиме посветено на решавање на сите отворени прашања на земјоделците, објави Трипуновски.

Зелена берза zelenaberza.com.mk веќе објави дека овчарите,  за да добијат субвенции мораше 50 проценти од јагнињата да ги однесат на колење во регистриран кланичен капацитет, 3.000 денари по овца.  Ако сами го продадат јагнето губат 2.400  денари по грло, и им се исплаќа само 600 денари по јагне. Разликата во пари и тука е голема. Па, се жалеа дека се условени и од државата.

„Оваа одредба ја донесе СДСМ, но пред избори ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека ќе ја укине. Но, кога дојде на власт, продолжи по истиот образец “, реагираа сточарите и бараа укинување на одредбата за субвенционирање.

А.Б

.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close