fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Планот за справување повторно доцни, сушите и поплавите не чекаат

Државата и натаму не успева да го усвои Националниот план за адаптација на климатските промени, којшто треба да обезбеди долгорочна стратегија за адаптација и помош за најранливите сектори како земјоделието.

Државата и натаму не успева да го усвои Националниот план за адаптација на климатските промени, којшто треба да обезбеди долгорочна стратегија за адаптација и помош за најранливите сектори како земјоделието. Во меѓувреме, скоро секоја година на различни локации во земјава невремињата и сушите ги уништуваат земјоделските посеви.

Само во една недела овој месец селата во Општина Лозово беа погодени од три невремиња, од кои допрва ќе се утврдува колкава штета е нанесена врз земјоделските посеви, опремата и инфраструктурата.

Првото невреме беше со силен ветер, а потоа град и пороен дожд го погодија Лозово, по што земјоделците поднесоа околу 200 барања до општината за надомест за штетите врз нивите, лозјата и овоштарниците и уште 65 барања за штетите врз нивните објекти, возила и друга земјоделска опрема.

Со над 16 илјади хектари обработливо земјиште, населението во Лозово главно се занимава со земјоделие. Општината се наоѓа во централниот дел на Македонија и во неа има вкупно 11 села.

Државата и натаму не успева да го усвои Националниот план за адаптација на климатските промени, којшто треба да обезбеди долгорочна стратегија за адаптација и помош за најранливите сектори како земјоделието. Во меѓувреме, скоро секоја година на различни локации во земјава невремињата и сушите ги уништуваат земјоделските посеви.

Само во една недела овој месец селата во Општина Лозово беа погодени од три невремиња, од кои допрва ќе се утврдува колкава штета е нанесена врз земјоделските посеви, опремата и инфраструктурата.

Првото невреме беше со силен ветер, а потоа град и пороен дожд го погодија Лозово, по што земјоделците поднесоа околу 200 барања до општината за надомест за штетите врз нивите, лозјата и овоштарниците и уште 65 барања за штетите врз нивните објекти, возила и друга земјоделска опрема.

Со над 16 илјади хектари обработливо земјиште, населението во Лозово главно се занимава со земјоделие. Општината се наоѓа во централниот дел на Македонија и во неа има вкупно 11 села. Повеќе на https://www.slobodnaevropa.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close