fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Облачно и студено, повремено со дожд и снег

И во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време, во четврток и во сабота со повремени слаби локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и на планините со врнежи од слаб снег. Стабилно и суво време со утринска магла по одделни котлини ќе се задржи во петок.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на некои од повисоките места и на планините врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, а на повисоките делови од котлината ќе има услови за повремен слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

И во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време, во четврток и во сабота со повремени слаби локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и на планините со врнежи од слаб снег. Стабилно и суво време со утринска магла по одделни котлини ќе се задржи во петок.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close