fbpx
ВестиМакедонија

Следната година ќе потече гас низ гасоводите Скопје – Тетово – Гостивар и Битола – Неготино

Од следната година се очекува скопјани да можат да го користат гасот.

Гасоводите Скопје-Тетово-Гостивар и Битола-Неготино треба да бидат завршени годинава, а се очекува да биде избран и партнер за секундарната гасификација која ќе им овозможи на градовите да го користат гасот. Ова денеска  го изјавија министерот за транспорт и врски Благој Бочварски  и директорот на Енергетски ресурси Бајрам Реџепи кои беа на увид на градежните работи на гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар.

Според нивните изјави на магистралниот гасовод Скопје-Гостивар досега е поставена  мрежа на цевки во должина од 53 километри или преку 80 отсто од проектот е реализиран. Останува да се довршат уште 20 километри од трансата во Скопскиот регион. За овој дел е почната експропријацијата.

Инвестицијата за проектот изнесува 20 милиони евра, а се очекува годинава да биде изградена целата делница. Гасоводот ќе биде оперативен во текот на следната година и се очекува втората половина од следната година поголемиот дел од скопскиот регион ќе може да се снабдува со гас. Според физибилити студијата тој процес ќе почне од периферија кон центарот, бидејќи во централното градско подрачје има други извори за снабдување, а проектот ќе трае околу четири години.https://plusinfo.mk/idnata-godina-e-poteche-gas-niz-gasovodite-skop-e-tetovo-gostivar-i-bitola-negotino/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close