
Почина Драги Котевски кој се грижеше за манастирот Свети Меркуриј во Барешени
Се простуваме од еден прекрасен човек со големо срце кој остави неизбришлива трага во животите на многу семејства.
Моќта на светиот камен на црквата „Св. Меркуриј“

Повеќе семејства, и христијани и муслимани, кои се помолиле на светиот камен и се измиле со светата вода од манастирот добиле принова, тврди Драги Kотевски (67) жител на Барешани, од црковниот одбор на манастирската црква.
-За парови кои немаат деца, и за дечиња до седум години кои мократ на спиење и за дечиња што не зборуваат до 5 години се молат на овој камен. Манастирот и светецот се живи токму поради ова. За време на викенди по неколку брачни парови доаѓаат во манастирот, најмногу од Скопје, Струмица, Делчево…До три пати се доаѓа во манастирот за да се има пород. Верниците ќе запалат свеќи, ќе се измијат од светата вода, ќе се помолат на светиот камен, ќе преспијат во конаците и наутро жената ќе ја отвори црквата. Паровите што доаѓаат за да имаат дете на 7 декември на „Св. Меркуриј“ две години по ред креваат лепче. Досега имаме евидентирано над 230 децата што се родени после долги години јаловост. На парови после доаѓањето во манастирот им се родиле деца после 13 години од бракот, после 16, па дури и после 21 година од бракот, раскажува Котевски за „Зелена берза“.
Од манастирот аир виделе и христијани и муслимани
Драги е кум на неколку семејства кои имале среќа да ја почувствуваат чудотворната моќ на светата вода и каменот во манастирот и да добијат свое чедо. Чудата почнале да се случуваат пред повеќе од две децении кога сонил како муслиманско семејство од селото Граешница седи на каменот до манастирот и моли за дете.
https://zelenaberza.com.mk/chudesnata-mok-na-manastirot-sv-merkurij-vo-bareshani/




