fbpx
Вести

Првиот број на ” Зелена берза ” Ве очекува !

Драги наши фанови!

Со задоволство Ви го најавуваме првиот број на печатеното издание на Зелена Берза!

Истото, нашите членови ќе го добиваат на домашна адреса. Сите други ќе го најдете во најблиската земјоделска аптека, во продавницата во вашето село или во продавниците на нашите партнери и соработници. Списанието е бесплатно! Поделено е во неколку секции, според земјоделските гранки. Единствена цел на оваа едиција, е до вас да ги доближи вестите од нашата земја и од светот. Истовремено, прочитајте и многу совети за земјоделското производство. Голем дел од печатеното издание, се всушност вашите стории и вашето гледање на состојбите во овој сектор, како и успешните приказни од светот. Разлистајте го, читајте и ве очекуваме со пофалба, критика, препорака, со понуда за соработка или со желба да ни ја раскажите вашата приказна.

Доколку сакате да го добивате и вие на домашна адреса, слободно пишете ни порака….

Очекуваме коментар за вашите впечатоци ….Но и иницијативи за заеднички да ги подобриме состојбите, да ги искористиме можностите и да креираме сигурни успеси.

Зелена Берза – на страна на земјоделците!

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close