fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Во март 2024 година минималната плата ќе изнесува 22.500 денари, објави Бектеши

Инаку, сега минималната плата изнесува 20.175 денари.

Крешник Бектеши – министерот за економија на својот Фејсбук профил објави дека минималната плата во март 2024 година ќе изнесува 22.500 денари.

„Најниската плата во земјава од март 2024 година ќе биде 22.500 денари. Повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година“ напиша Бектеши.

Инаку, сега минималната плата изнесува 20.175 денари.

Пред година ипол беа донесени измени на Законот за минимална плата согласно кои се воспостави нова методологија според која висината на минималната плата се усогласува со 50 проценти од порастот на трошоците на живот и 50 проценти од порастот на просечната плата во изминатата година.

Минималната плата во земјава беше воведена во 2012 година со донесувањето на Закон за минимална плата. Тогаш изнесуваше 8.050 денари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close