fbpx
ВестиТоп вести

Поедноставени процедури, рокот за аплицирање за субвенции до јуни

Годинава воведени се одредени измени во начинот на поднесување на апликациите со што целата постапка е поедноставена. Барањата за субвенции се поднесуваат по електронски пат без доставување документи, а врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни.

nivi_i_livadi_do_surnitsa_1_by_Slavcho.Parvanov_52332c8c15174-800x

Официјалниот рок за поднесување на барање за субвенции истекува на 1 јуни, меѓутоа најверојатно повторно како и секоја година и годинава ќе има продолжување на тој рок. Годинава воведени се одредени измени во начинот на поднесување на апликациите со што целата постапка е поедноставена. Барањата за субвенции се поднесуваат по електронски пат без доставување документи, а врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни.

Одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели пред поднесување на барањето треба задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.

Заинтересираните земјоделци барањата за субвенции ги поднесуваат во подрачната единица на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што имаат регистрирано земјоделско стопанство. Од Министерството, пак секоја година апелираат дека стриктното почитување на рокот овозможува навремено спроведување на сите потребни постапки за обработка на барањата и побрза исплата на средствата.

Земјоделците велат дека досега секогаш имале разбирање од Владата во поглед на продолжување на рокот за поднесување барања за субвенции. Годинава со оглед на тоа дека порано почна пролетната сеидба, која 40 отсто е веќе завршена се очекува минимално продолжување на рокот за аплицирање за субвенции.

-Годинава пролетната сеидба почна пред месец и пол и 40 отсто е веќе завршена. Доколку се продолжи ваквата временска состојба се очекува нејзино целосно завршување до 20 мај. Досега немаме проблем со поднесување на барања за субвенции, бидејќи доколку е потребно Владата секогаш ни излегува во пресрет, вели претседателот на Сојузот на земјоделци, Вељо Тантаров.

Она што е многу важно за земјоделците е што последниве две години парите што тие ги должат по основ на користење на државни пасишта, шуми, водни заедници…им се одземаат од субвенциите.

-Ова е овозможено со измените во Законот за земјоделство и рурален развој кој беа направени на барање на земјоделците. Претходно се случуваше земјоделец кој должи 500 денари за вода да не добие субвенција од 1.000 евра. Така сега оние земјоделци кои ги немаат подмирено давачките, овие пари преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството ќе му се одбијат од парите што треба да ги добие за субвенции, објасни Тантаров.

Од друга страна, пак во Кумановско речиси 85 проценти од производителите на млеко од досега поднеле барање за субвенции за произведено и предадено млеко во производните капацитети.

-Деновиве се очекува и останатите сточари да ги достават фактурите за произведено и предадено млеко за октомври, ноември и декември минатата година, кои ќе бидат ажурирани, изјави раководителот на подрачната единица, Насер Даути.

Досега апликации за субвенции поднеле 930 сточари за последните три месеци од 2015 година. Од Подрачната единица очекуваат за субвенции за млеко до крајот на април да аплицираат 1.300 производители на млеко, од кои 80 отсто за произведено и предадено кравјо млеко, а 20 отсто за овчо и којзо млеко.

Во меѓувреме, нагласи Даути ќе започне и програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2016-та која е предвидена од Владата.

– Новитет е што сите земјоделци, апликанти што ги имаме евидентирано во фармрегистарот, периодично ќе бидат информирани. Годинава им е овозможено да аплицираат по електронски пат без разлика дали се правни или физички лица. Останува можноста да аплицираат и кај нас во Подрачната единица, во Агенцијата за поттикнување и развојот на земјоделството, истакна Даути.

Тој информираше дека придобивките се повеќекратни, земјоделците ќе добијат директен пристап до програмата, ќе се намалат турканиците во подрачните единици, а секој апликант кој го има уредено досието во фармрегистарот ќе може да аплицира и од дома.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close