fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Министерството за земјоделие со 600 000 евра ќе поддржува научни институции

Mинистерот Хоџа и претставниците на четири факултети од три универзитети во државава, денеска потпишаа мемурандуми за соработка. Преку Програмата за рурален развој, обезбеден е буџет од околу 600 000 евра, средства со кои МЗШВ директно ќе ги поддржи научните институции во проширувањето на нивните активности, во заеднички интерес.

Mинистерот Хоџа и претставниците на четири факултети од три универзитети во државава, денеска потпишаа мемурандуми за соработка.
На настанот на кој присуствуваа ректорите, деканите и професори од неколку универзитети, се одбележа почетокот на соработката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со неколку врвни научни институции. Преку Програмата за рурален развој, обезбеден е буџет од околу 600 000 евра, средства со кои МЗШВ директно ќе ги поддржи научните институции во проширувањето на нивните активности, во заеднички интерес.
Потписниците на меморандумите за соработка ќе добијат финансиска поддршка која ќе биде наменета за: опремување на лаборатории за безбедност на храната, опрема за откривање на присуството на тешки метали во храната, како и демонстративна опрема за студентите од земјоделските науки.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close