fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Поповолна економската состојба во преработувачката индустрија, оценуваат раководителите на фирмите

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во февруари годинава е поповолна во однос на претходниот месец, a понеповолна и во однос на февруари 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на довербата во преработувачката индустрија во февруари во однос на јануари годинава е намален за 0,2 процентни поени и изнесува 13,8, а во однос на февруари лани е намален за 0,4 процентни поени, објави денеска Државниот зваод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари 2022, во однос на јануари 2022 година е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се непроменети во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во февруари годинава е поповолна во однос на претходниот месец, a понеповолна и во однос на февруари 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2022 година изнесува 67,4 проценти од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 15,1 процент, недоволната странска побарувачка со 19,2 проценти, неизвесното економско опкружување со 16,3 проценти и недоволната домашна побарувачка со 12,5 проценти.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close