fbpx
Вести

Косово утре ќе одлучи дали ги сака македонските домати и пиперки

Косово во текот на следната недела комплетно ќе ја повлече одлуката за зголемените царини. Според неофицијалните информации, одлуката ќе биде повлечена во вторник, за кога во Косово е закажана владина седница
На следната седница на косовската влада закажана за вторник се очекува да биде повлечена одлуката за зголемените царини за увоз на македонските производи.
Косово пред десетина дена ги зголеми за 30 насто царините на 21 земјоделски производи со објаснување дека со тоа им помага на домашните производители. Набрзо ја смени одлуката, но останаа повисоките царини за доматите, пиперките, јаболката, крушите, сливите, малините и грозјето, на кои отпаѓа најголем дел од македонскиот извоз на косовскиот пазар.
Министерот за економија на Република Македонија, Крешник Бектеши, по средбата со косовскиот министер за трговија и индустрија, Бајрам Хасани, доби уверување дека проблемот мора да го реши косовската влада која и ја донела одлуката за зголемените царини.
– Добив уверување од косовската страна дека овие наши забелешки ќе бидат земени предвид и со оглед на фактот што станува збор за владина одлука. На првата наредна седница на Владата на Република Косово, аргументите кои ги дадовме од наша страна ќе бидат изнесени пред членовите на Владата за да се изнајде решение кое ќе биде взаемно прифатливо. Јас и лично верувам дека во најсокоро време ќе ја продолжиме досегашната одлична трговска соработка, во корист на земјоделските производители и бизнис заедницата од двете страни, изјави министерот Бектеши.


 

вечер

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close