ПОЗНАТИОТ  АКТЕР  НЕНАД ЈЕЗДИЌ, СО ВРАЌАЊЕТО НА СЕЛСКИОТ ЖИВОТ ЈА ТРАСИРА ПАТЕКАТА НА УСПЕХОТ НА ВРЕДНИОТ СЕЛАНЕЦ

(Oвој напис е објавен на: June 17, 2019)

 

Во екот на својата популарност, познатиот глумец, Ненад Јездиќ, решил да се пресели во своето родно село Забрдица, во близина на Ваљево, каде изградил голема куќа, а со својот пример и потресната приказна која ја раскажува, зборува за важноста на селото, за иднината и перспективите на една држава. Таквиот начин на работа, всушност низ неговиот животен пат, ја отсликува и борбата против белата чума, надвисната над Србија.

„Смртоносна епидемија на напуштена земја се шири во пограничните подрачја на Србија и злокобно се заканува да го уништи маргинализираното српско село. Всушност, токму тоа село ја одржало Србија. Не нахранило и израснало. Со исчезнувањето на селото, би исчезнала и Србија“, – истакнал актер на самиот почеток од своето обраќање во Српската Палата, пред основањето на Националниот совет за спас на селата.

После своето враќање на село, Јездиќ веднаш започнал да се занимава со земјоделство и производство на ракија. Денес, се грижи за 20 хектари имот и преку својот личен пример покажува како да се достигне она за што се ангажира. Во земјоделскиот бизнис, планира да ги вклучи и своите четири деца, доколку кај нив се разбуди интерес, а веќе го подигнал и степенот на вработеност на месното население, вклучувајќи ги мештаните во својот бизнис. Но, тој не е само газда. Со мајсторите е мајстор, вози трактор, сечи дрва…

„Тука имам можност да направам нешто драгоцено за своите. Ова сега е моја потреба. Ова морам да го направам за своето семејство, но и за луѓето од ова село кои работат и кои допрва ќе работат кај мене, за нив и за среќа на нивните деца“, – гордо изјавил газда Језда, како што го нарекуваат селаните од Забрдица. Тој не ја занемарил својата примарна професија, но отсекогаш тврдел, дека себе си се гледа во природа, цел живот.

„На село, чувствувам вистинска исполнетост на животот, но тоа нема да ме оддалечи од сцената. Напротив. Себе си, се гледам овде за цел живот – порачал Ненад. Некогаш се случувало, поради животот и вложувањето на село, на членовите на семејството да им скрати некои работи.

„Тие се мојата најголема поддршка, да не се тие, не би ме имало ниту мене. Секогаш ме следат. Тука и таму, некогаш им намалуваме некое задоволство, некогаш и над дозволеното и сопствените можности, форсирам некои работи, но и верувам во себе. Прво во себе, потоа во Бог, во селото и мојот народ, верувам во Србија“, истакнува Јездиќ, кој не пропушта можност, да каже колку многу го сака селото, а сега со својот ангажман истото да го заживее, тоа го докажува и на дело. Сепак, признава дека животот надвор од градот е тежок, но тој не се откажува.

„Кога експертите би се занимавале со мене, веројатно доаѓањето овде би го дефинирале како бегство од се. Но, зошто да не бидам силен, па да побегнам од себе? Тоа и го направив. Ова е големо одрекување и подвиг, така што бев јак да побегнам од себе. Од театарот, од глумата, вели Ненад. Смета дека не изгубил ништо со тоа што четиринаесет години од животот вложил во својот нов проект. Во улогата на неговиот живот.

„Ако се ова би се толкувало како загуба и одрекување, тогаш би имало проблем. Мене селото страшно ме привлекува и не ме одделува од мојот паралелен свет на театарот. Таму, во последно време не се случило ништо значајно и себе си не се лишив од некое значајно театарско искуство. Ако некогаш ми се случи, да се замислам над тоа дали нешто сум изгубил, себе си, си одговарам: „реално, ништо не си изгубил, а овде си изградил некој нов свет за себе“, вели Ненад.

Иако многумина коментираат дека од глумата се повлекол, поради поголемата заработувачка од земјоделството, тој вели дека најголемиот дел од работите во селото ги направил токму со пари од својата заработувачка како актер.

„Од сите свои серии, филмови, реклами, дојдов овде, каде што сум сега. Чесно е да речам дека овде се и парите кои ги должам, но тоа е ризик кој мора да постои“, без лажна скромност открива Ненад. Тој нема никаков проблем, да ги засука ракавите и наградите за глума, да ги замени со копање и орање на нивите. Се наежува од епитетот ВИП, кој им се доделува на некои луѓе, затоа што како што тврди, такво нешто не постои.

„Селанецот е прекрасен човек. ВИП селанецот е етикета која би ми пречела, а етикетата селанец не. Ние се занесуваме дека во Србија постои ВИП, но јас сум сигурен, дека кај нас, такво нешто не постои“, вели Ненад. Неговата движечка сила е неговото семејство, сопругата и четирите деца.

„Таа не сака да ја споменувам, ниту по статусот кој го има во нашата брачна заедница, ниту пак да и го изговорам името. Таа во оваа приказна е јас, а јас сум таа. Тоа е смислата на брачниот живот. Ако не се тие, не би било ни ова“, вели Ненад и додава дека децата се уште не се заинтересирани за работа на село.

„Тие се тинејџери. И јас бев таков. Сигурен сум дека оваа крв која во мене врие и соковите со кои јас се хранам, ќе се пренесат и на нив, вели тој и додава: „Селото е многу тешко, запуштено, бара многу раце, доста пари, многу луѓе со загреани глави. Не знам, дали ние како народ го имаме тоа, но мојата глава се загреа пред 15 години и се уште не се лади. Од ден на ден, имам чувство дека сум блиску до она што се вика голема дестилерија со капацитет од 200 и повеќе илјади литри годишно, 20 и повеќе хектари овошје.

Од податоците за бројот на жители, со кои располага актерот, вели дека се поразувачки.

„Во илјада села, има помалку од 100 жители. Во повеќе од 200 села нема никој помлад од 20 години. Треба да се разбудиме, да се освестиме, да ставиме прст на чело, сите ние кои и сакаме добро на Србија. Да го употребиме знаењето за да го спасиме српското село. Да им се вратиме на корените, да ги заборавиме сите наши моментални делби и да ги спречиме заканувачките преселби и иселувања“, порачува Јездиќ.

З.Б.

Share Button