fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Претпладне сончево, од пладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени.

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме.

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во делови од Скопската Котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне до 31 степен.Во наредните денови под влијание на нестабилна воздушна маса времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close