Агро бизнисВестиТоп вести

Државата им должи 100 милиони евра на земјоделците за субвенции

„До 31 декември 2025 година Министерството должи 2 милијарди и 400 милиони денари, односно 39 милиони евра кон земјоделците. Сега сме на прагот да се исплаќаат субвенциите за тутун, треба да се исплатат 33 милиони евра... каде е тука градинарството, пчеларството, плус дополнителните мерки за предадени производи во преработувачки капацитети. Значи над 100 милиони евра до овој момент! Барањето е Владата да си се снајде и да почне исплатата на субвенциите“,порача Миле Кебакоски од здружението „Фармери Југозапад“ на средбата на земјоделците во Прилеп.

На државата и се потребни 100 милиони евра за да исплати заостанати и тековни субвенции кон земјоделците за да се закрепне аграрот. Субвенциите се рентабилни само доколку се навремено исплатени, а не земјоделците самите да вложуваат од една во друга реколта само за да опстанат. Ова е само еден од проблемите што ги тишти земјоделците, за кој јавно зборуваа и испратија  пораки до МЗШВ и Владата на вчерашната средба во Прилеп. Субвенции чекаат сточарите, тутунарите, градинарите…

Само за пример, пред два дена беа исплатени субвенции за 2023 и 2024 година „Плата за овчари“ –  околу 34 милиони денари за 43 овчари во државата.

Негативниот тренд во земјоделието се потврдува и со исплатата на субвенции за 2025 за 48 млади за мерката „Млади земјоделци“ во износ од 17,8 милиони денари. Земјоделците коментираат дека ако државата поддржува само педесеттина млади кои решиле да останат во секторот имаме сериозен проблем.

„До 31 декември 2025 година Министерството должи 2 милијарди и 400 милиони денари, односно 39 милиони евра кон земјоделците. Сега сме на прагот да се исплаќаат субвенциите за тутун, треба да се исплатат 33 милиони евра… каде е тука градинарството, пчеларството, плус дополнителните мерки за предадени производи во преработувачки капацитети. Значи над 100 милиони евра до овој момент! Барањето е Владата да си се снајде и да почне исплатата на субвенциите“,порача Миле Кебакоски од здружението „Фармери Југозапад“ на средбата на земјоделците во Прилеп.

Земјоделците велат дека државата без стратегија, со увоз на земјоделски производи му штети на домашното производство.

Анета Блажевска

Поврзани новости

Може ќе ве интересира
Close
Back to top button