Пријавите се за субвенции-Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година
Мерка 213 – Помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики, со надомест за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално сточарство.
Агенцијата за финансиска поддршка во земоделството и руралниот развој објавува Јавен повик бр. 01/2026 за доставување барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година.:
Јавен повик бр. 01/2026
за доставување барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година
Предмет на повикот
Доделување финансиска поддршка за:
Мерка 213 – Помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики,
со надомест за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално сточарство.
Висина на поддршката
• 100% од просечна нето-плата за населени места ≥ 700 м надморска висина
• 60% од просечна нето-плата за населени места < 700 м
• Максимум до 620.000 денари по вработено лице
Критериуми
• 1 вработено лице на 150 овци
• 1 вработено лице на 100 кози
• 1 вработено лице на 50 говеда
Бројот на вработени лица мора да се задржи најмалку една година по исплатата.
Право на учество
Регистрирани земјоделски стопанства во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.
Обрасците и упатствата се достапни на следниов линк
или лично во Агенцијата (08:00–14:00 часот).
Краен рок за доставување на барањата: 31.03.2026 година
Барањата доставени по рокот нема да бидат разгледувани.


