fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Приведен е 39-годишник од Велгошти поради сомнение за кражба во демирхисарско село

Лишен од слобода Д.В. од село Велгошти

Приведен е 39-годишник од охридското село Велгошти поради сомнение за кражба во демирхисарско село, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Полициски службеници од СВР Битола – Полициско одделение Ропотово, вчера во 11 часот во селото Слепче, демирхисарско, го лишиле од слобода Д.В. од село Велгошти, охридско. Тој се сомничи дека ден претходно, во периодот од девет до 16 часот, со употреба на сила и подесен алат, влегол во куќата на 81-годишното лице со иницијали С.В. од село Слепче и одзел пари, се појаснува во соопштението.

 

 

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close