fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Влада-Можност за откуп на домашната пченица во стоковите резерви како поддршка на домашното производство

Најнова вест за земјоделците-Се очекува, со самиот почеток на откупот, пазарот на жита да се стабилизира.

Владата на Република Северна Македонија денеска одржа две тематски седници и една редовна седница.

Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја разгледа и усвои Информацијата за состојбата со очекуваното производство и планираниот откуп на пченица, род 2023 година.

Задолжена е Агенцијата за стокови резерви, планираната јавна набавка на 15.000 тони пченица, за потребите на стоковите резерви, наместо во еден, да биде поделена во пет лотови, со продолжен рок на набавката за дополнителни десет дена.

Целта на оваа Одлука е натамошна поддршка на домашното производство и поголем мотив за земјоделците да остварат поголем принос од пченица и јачмен, а домашното производство да се насочи кон домашните капацитети.

Се очекува, со самиот почеток на откупот, пазарот на жита да се стабилизира.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close