fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Променливо облачно со дожд претпладне и сончеви периоди попладне

Температурата наутро ќе биде од 6 до 14 Целзиусови степени, а во текот на денот од 11 до 22 Целзиусови степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во утринските часови во источните делови од земјата ќе има врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Околу пладне и во попладневните часови се очекува да има пообилни врнежи од дожд во западните делови од земјата, каде ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладне во источните делови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието на места засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.

Температурата наутро ќе биде од 6 до 14 Целзиусови степени, а во текот на денот од 11 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има повремен дожд, а попладнето ќе биде со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата наутро ќе биде 12, а во текот на денот до 19 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Утрешните температури ќе бидат од 15 до 25 Целзиусови степени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close