Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилност со дожд и грмежи
МЕТЕОАЛАРМ за ден 08.07.2026: Силен ветер кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на претежно стабилно време. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Во четврток и во недела се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.





