fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Николовски во посета на „Аја Фарм“ и фамилијата Мухареми од Тетово

Моментално Аја Фарм произведува млеко во шише, урда, павлака, кашкавал и останати производи од млеко кои ги пласира преку системот за испорака "Фарма до дома"

Саботното утро го искористив за посета на “Аја Фарм” и фамилијата Мухареми, сопственици и производители на млеко и млечни производи во Тетово. Лично се уверив во прекрасниот традиционален вкус на палетата млечни тетовски производи.
Моментално Аја Фарм произведува млеко во шише, урда, павлака, кашкавал и останати производи од млеко кои ги пласира преку системот за испорака “Фарма до дома”, со што го олеснува пристапот и ја зголемува достапноста до секое семејство. Дополнително купува производи од локалното население и произведува традиционални производи. За неколку месеци ќе може посетителите на “Аја Фарм” да соберат органски градинарски производи од пластениците од оваа фарма. Во месец април “Аја Фарм” ќе го зголеми своето производство повеќекратно и ја охрабруваме да ги користат програмите на МЗШВ за новите инвестиции.
Ја поздравувам и поддржувам работата на вредните земјоделци, сточари, производители, тие се столбот за обезбедување на храна на сите нас, напиша министерот Љупчо Николовски на ФБ.

Слични написи

Back to top button
Close