fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Сточарите си ги бараат субвенциите за млекото за 2022, останаа без храна за стоката

Луцерката почна да скапува во коренот, значи ќе нема храна за кравите кај повеќето сточари, велат тие

Лоша година за сточарството, оценуваат од Здружението на сточари „Пелагониско поле“. Според Тони Петковски – Паша, сточар од селото Велушина битолско, сточарите се во незавидна состојба бидејќи не зеле ни денар за предадено млеко за 2022 година, а треба да мислат на храна за стоката.

-Сите правила и прописи за исплата на нашите субвенции поминаа. Кога ќе ги земиме субвенциите за предадено млеко за 2022 година? Поминуваат месеците, а ние сточарите сме во незавидна состојба, вели Петковски.

Според Борче Бучински – Бучин, сточар од селото Могила, сточарите се без храна за стоката, досега требаше да е вториот откос на луцерката а таа скапува, се жали тој.

-Луцерката почна да скапува во коренот, поради влагата, значи ќе нема храна за кравите кај повеќето сточари, некои прават сенажа, ама тоа е скапо, за два хектари трошокот е 1000 евра. Ако не се собери храната, ќе има намалување на бројот на стоката. Затоа не треба да се чека повеќе ни ден, туку да се исплатат субвенциите на сточарите за млекото, вели  Бучински.

А.Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close