fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Се е поскапено! Јунешкото месо стигна до просечна цена од 500 денари по кг

Гравот е со просечна цена од скоро 200 денари.

Нема производ или услуга која во изминативе две години не добила повисока цена. Од хранливите производи како јајцата, млекото, брашното, месото, месните производи, но и многу услуги од 2021 година наваму постојано поскапуваат. Ова го покажува годишникот на Државниот завод за статистика, каде што има огромна листа на производи кои се користат во секојдневието и кои поскапувале секоја година.

Омиленото македонско јадење, гравчето, од 150 денари колку што сме го плаќале во 2021 година поскапело и во текот на минатата година достигнало просечна цена од скоро 200 денари.

Оризот исто така поскапел, не 50 денари како гравот, но во текот на минатата година овој производ просечно сме го плаќале за 20 денари поскапо.

Кај месото состојбите се уште поизразени. Јунешкото место во 2021 година чинело 345 денари, додека минатата година се продавало по просечна цена од 500 денари. И свинскот и пилешкот месо имаат повисоки цени, свинското за 100 денари, додека пилешкиот стек поскапел за 140 денари. Повисоки цени имаат и млекото, јајцата, сирењето и кашкавалот, кафето кое поскапело за 120 денари за две години. Дури и хамбургерот, едно од омилените сендвичи или храна од брзите ресторани исто така има повисока цена, која просечно за цела земја се зголемила за 50 денари.

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close