Се одложи примената на Законот за трговија на зелени пазари

(Oвој напис е објавен на: January 29, 2019)

Со 57 гласа „ЗА“ и 12 „Против“ пратениците во собранието  изгласаа да се одложи примената на Законот за трговија на зелени пазари.

Примената на Законот се одлага за една година и се враќа на комисиска расправа.  За овој рок сите засегнати страни треба да ги усогласат своите ставови и да предложат нов закон.

Одложувањето  доаѓа по протестите на пазарџиите за новиот  Закон  според кој требаше да плаќаат 60 евра за лиценца, а тезги не ќе можеа да закупуваат пензионери, социјалци и хонорарци.

 

З.Б.

Share Button