fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Акумулацијата Тиквеш ги полни каналите за наводнување на Тиквешко Поле

Во акумулацијата ги има потребните количини вода, односно истата во моментот се наоѓа на кота 245,55 мнв., додека граничната кота потребна за наводнување изнесува 242,5 мнв.

ХЕЦ Тиквеш и Водостопанство Тиквеш почнаа со пуштање вода од Тиквешкото Езеро и полнење на каналите за наводнување. Системот се подготвува за сезоната на наводнување и вегетацискиот период кој трае од април до октомври.

За таа цел во акумулацијата ги има потребните количини вода, односно истата во моментот се наоѓа на кота 245,55 мнв., додека граничната кота потребна за наводнување изнесува 242,5 мнв.

Во изминатиот период со оптимално менаџирање на производниот процес на АД ЕСМ и со управувањето со ХЕЦ Тиквеш се обезбеди посакуваното ниво на акумулацијата за потребите на земјоделските површини во Тиквешијата, додека истовремено хидроцентралата Тиквеш успеа речиси во целост да го реализира планираното производство за овој период од годината,  односно да произведе 50 GWh електрична енергија, што е 95% од планот за периодот јануари-април 2021г.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close