Се зголемуваат површините со луцерка во врсаковско поле

(Oвој напис е објавен на: February 27, 2017)

Околу 300 хектари со луцерка во врсаковско поле се ново посеани годинава. Земјоделците очекуваат пет до шест косила, но се повеќе ги загрижува проблемот со наводнување, бидејќи каналската мрежа се реконструира, а според најавите, вода до нивите треба да пристигне до средината на јули.

se zgolemuvaat povrshinite so lucerka vo vrsakovsko pole

 

Трендот на зголемување на површините под луцерка, во едно од најплодните полиња на истокот, се поткрепува не само со субвенциите што ги добиваат земјоделците, туку и со обезбедениот пласман на производството и добрата откупна цена.

Во врсаковско поле луцерката ја има на повеќе од 500 хектари. Реконструкцијата на каналот во должина од 6,3 километри, кој сега ќе биде затворен, започна во мај, а треба да заврши до крајот на годината. Со ова, според надлежните, ќе се реши проблемот со наводнување во следниве 50 години. Во атарот на Врсаково преку овој канал се наводнуваат 1.500 хектари со земјоделски култури.