Агро бизнисВестиТоп вести
Сончево и многу топло со температури до 40 степени
МЕТЕОАЛАРМ - Денес високи температури на територијата на целата држава!
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.





