fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Цените растат поради домашните трговци, велат експертите

Поскапувањето се должи на тоа што супермаркетите и трговците со храна неоправдано ги креваат цените на храната, во обид да профитираат од инфлаторниот бран“, коментира за Дојче Веле, Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии. 

Инфлацијата продолжува да расте и покрај сите мерки кои до сега ги преземаа надлежните. Уверувањата и прогнозите беа дека ценовниот шок треба да се стабилизира, што се насетуваше и со движењата на светските пазари. Се случи сепак она што најмалку се посакуваше, што е изненадувачки и отвора дилеми на што конкретно се должи. Дел од експертите предупредуваат дека овојпат причините повеќе треба да се бараат на домашен терен:

„Кај инфлацијата во октомври нема апсолутно ништо ново во однос на она што се случува веќе некое време. Инфлацијата продолжува да расте и тоа повторно поради цената на храната, која е зголемена за околу 3% во однос на претходниот месец. Ова се случува во услови кога глобалната цена на храната, според податоците на Обединетите нации, има стагнација. Тоа говори дека поскапувањето на храната во Македонија не е движено од надворешни фактори, туку потекнува од дома. Конкретно, поскапувањето се должи на тоа што супермаркетите и трговците со храна неоправдано ги креваат цените на храната, во обид да профитираат од инфлаторниот бран“, коментира за Дојче Веле, Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

Клучната дилема е дали и како треба да се интервенира за да се спречи натамошниот раст на инфлацијата. Најновите мерки на владата за намалување на цената на храната, преку намалување на цената на струјата за фирмите од прехранбената индустрија, според Јовановиќ ќе имаат само минимален и краткорочен ефект. Скокот на цената на храната во Македонија според него не се должи на цената на струјата, па затоа и пониската цена на струјата нема да спречи цената на храната да продолжи да расте.

„Можно е да видиме одредено минимално намалување на цената на храната сега поради поевтината струја, или поверојатно – да видиме забавување на растот на цената, но тој ефект ќе биде само краткотраен и по многу кратко време, фирмите повторно ќе почнат да ги креваат цените“, укажува Јовановиќ. Повеќе на https://www.dw.com/mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close