fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Каракашев-Земјоделците плаќаат за наводнување, а имаме целосен распад на системите за водоснабдување

Со години се прибират средства од земјоделците по основ на наводнување и одводнување за денес да дојдеме до ситуација на руинирани системи за наводнување и до немање средства за тековно одржување и за личен доход на вработените.

Ѓорги Каракашев  земјоделец, претседател на новоформираната Националната земјоделска мрежа е со став дека земјоделците плаќаат за наводнување, а имаме целосен распад на системите за водоснабдување.

 

Почитувани земјоделци!

Сведоци сме на екстремните температури што ја зафатија нашата држава, температури за кои владата носи вонредни мерки за заштита на здравјето на населението. Се поставува прашањето – Дали некому во оваа држава му е битно здравјето на земјоделците кои на овие екстремни температури вложуваат надчовечки напори да се спаси што може да се спаси да се произведе килограм повеќе храна притоа неводејќи сметка за сопственото здравје?

Почитувани граѓани ако постојат херои тоа се нашите херои на денешницата и како сограѓани должни сме со сета почит да им одадеме признание, но и подршка во сите нивни оправдани апели и барања до преставниците на власта, упатуваме револт поради целокупната состојба во овој битен сектор за опстанок на државата поради игнорантскиот, потценувачки и лицемерен однос кон нас земјоделците. Господа министри зарем немате ни малку човечност во себе?

Додека вие седите во вашите удобни климатизирани кабинети привелегирани, ние земјоделците се пржиме на температури преку 50 Ц на сончево зрачење со индекс 10 притоа сериозно ризикуваме за нашите животи. За што, за кого, за кои цени, за кој пласман? Сведоци сме во екот на овие горештини земјоделците имат проблем со недостаток со вода за наводнување. А зошто? Поради нечие самоволие и неодговорност.

Со години се прибират средства од земјоделците по основ на наводнување и одводнување за денес да дојдеме до ситуација на руинирани системи за наводнување и до немање средства за тековно одржување и за личен доход на вработените.

Целосен распад на системите за водоснабдување!

Господа политичари ние земјоделците ви порачуваме, вашето време на сеење на ветер и магла, квази патриотизам, непотизам – ЗАВРШУВА!  Пораката до сите вас е следната ЗЕМЈОДЕЛЕЦОТ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ РОБ ВО СОПСТВЕНАТА ЗЕМЈА, ЗЕМЈОДЕЛЕЦОТ ЌЕ БИДЕ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНАТА ЗЕМЈА И ПОЧИТУВАН ГРАЃАНИН ВО ОПШЕСТВОТО.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close