fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Купи си зелка и праз директно од тротоар

Жители на Ченто бараат од градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски да направи ред

Жители на Ченто бараат од градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски да направи ред и веднаш да ги избрка дивите продавачи на земјоделски производи кои со своите камиони и приколки ги окупирале тротоарите во близина на пазарчето во оваа населба. Тие не се против луѓето да си ги продаваат своите производи, но тоа да не се прави на тротоар, туку внатре во пазарот.

Отстранување на дивите продавачи бараат и пазарџиите кои велат дека слабо се купува од пазарот затоа што нивните производи се поскапи, а во цената тие ги вкалкулираат и трошоците што ги имаат за закупување на тезгите, за чистење и обезбедување на пазарот и слично.

Жители на Ченто бараат од градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски да направи ред и веднаш да ги избрка дивите продавачи на земјоделски производи кои со своите камиони и приколки ги окупирале тротоарите во близина на пазарчето во оваа населба. Тие не се против луѓето да си ги продаваат своите производи, но тоа да не се прави на тротоар, туку внатре во пазарот.

– Под итно да се ослободат тротоарите за движење на пешаците, на мајки со колички за бебиња, па дури и на маалските кучиња, бидејќи вака како што се окупирани од камиони и приколки мораат да ги заобиколуваат и да се изложат на опасност да бидат прегазени од возилата. Дополнителна опасност е што возила застануваат покрај тротоарите за да си купат нешто од дивите продавачи, па улицата ја прават место за паркирање – вели Адријана М.  

Отстранување на дивите продавачи бараат и пазарџиите кои велат дека слабо се купува од пазарот затоа што нивните производи се поскапи, а во цената тие ги вкалкулираат и трошоците што ги имаат за закупување на тезгите, за чистење и обезбедување на пазарот и слично. А овие, дивите продавачи, им се конкуренција бидејќи немаат такви трошоци, ги намалуваат цените макар и за 10 денари и купувачите, по правило одат кај нив бидејќи се поевтини.

Од друга страна, пак, дивите продавачи своите производи ги продаваат буквално на тротоар покрај улицата низ Ченто која е многу прометна и се полнат со олово од издувните гасови, прашини и друго.

– Улицата се прошири со цел да се намали гужвата во овој дел од населбата. Сега првата лента се користи за паркинг, а некои несовесни возачи често ги паркираат автомобилите и на втора лента за да купат нешто „набрзина“ и со тоа ја блокираат целата улица. Тешко им е да се паркираат кај амбулантата или кај зградите, затоа што има многу пат за одење до пазарот. Македонче, да може и со кола ќе влезе во продавница – смета Катерина С. 

Решението за дивите продавачи и таа го гледа во нивно ставање да продаваат легално во пазарот на сезонски тезги со наплата од час.

– Сите што се на тротоар се тука од причина да бидат поблиску до купувачите што ги мрзи да се паркираат на соодветно место и да поодат малку за да испазарат, а пазарот е половината празен. Па не нè влече да влеземе да купуваме во него, туку да ги купиме од тротоарот – вели Катерина С.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close