fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сојузот, откупувачите, власта-Кој е виновникот за лошиот откуп на тутунот од реколтата 2021-2022?

Не барајте поддршка од тутунарите, порачуваат од „Тутунска надеж“

Здруженито „Тутунска надеж“ оценува дека реколтата 2020/2021 е најлошата реколата во историјата на тутунопроизводството во Македонија.
Од здружението констатираат дека неоткупени останаа околу 800 тони тутун, а вонредниот откуп кој траеше 10 дена не вредеше, не им го реши проблемот на тутунарите, па тутунарите останаа со непреспиени ноќи пред откупите со полни пакети надеж, труд и мака.
Од „Тутунска надеж“ за почеток прстот го вперуваат во Сојузот на земјоделски здруженија.
-„Заштитиниците“ по закон кои својот леб го јадат врз грбот на тутунарите наречени Сојуз на земјоделски здруженија, немо молчеа во целиот тој процес на грабеж. И повторно впуштени во акција на манипулација зад затворени врати, договорија уште една ваква реколта. Медиумски се ‘бараше’ покачување на цените, подобрување на животот на тутунарите, за денес да бидеме сведоци на договори со исти цени и услови како претходната година. Лага која денес стана реалност, велат од здружението.
Вториот фактор кој влијаеше на лошиот откуп е секако политиката на откупните компании.
-Откупувачите кои на кантар студен го мереа трудот, но не го измерија. Шифри, манипулации, вртоглави одбитоци. Платена пот за 159 денари просечна цена која заедно со вонредниот откуп се спушти на 136 денари. Вредеше ли? За некои тутунари и живот вредеше. Животи кои денес не можеме да ги вратиме, велат тутунарите членови на „Тутунска надеж“.
Накрај од „Тутунска надеж“ со порака до власта.
-‘Драг’ министер за земјоделие најавената просечна цена од 180 денари да ја сонуваме ли?
Денес веќе нема откуп, нема ни договори, се заврши. Завршија лагите и манипулациите на сите вас. Вие кои јадете леб од сите нас и кои упорно се обидувате да не збришете од земјоделската гранка направивте од нас социјални случаи, оставивте цели семејства без егзистенција. Но, не заборавајте, животот е тркало! Бидете внимателни кога ќе паднете на дното, онаму каде што сме сега ние тутунарите ќе се сретнете со нас. Запрашајте се како ќе влезете во нашиот двор, како ќе не погледнете во очи. Не барајте помош и поддршка! Ние ќе останеме неми, исто како вие што останавте неми на нашите повици за помош. Стапот секогаш има два краја, најлош е кога едниот крај го држи народот, порачуваат од „Тутунска надеж“.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close