fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Сончево и топло со слаб ветер

Температурата наутро ќе биде од 13 до 19 Целзиусови степени, а попладне од 24 до 34 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во североисточните делови од земјата ќе има услови за краткотраен пороен дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температурата наутро ќе биде од 13 до 19 Целзиусови степени, а попладне од 24 до 34 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе биде 17, а во текот на денот ќе се искачи до 31 Целзиусов степен.

Утре, како што информираат од УХМР, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне претежно во западните делови од земјата ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата утре ќе се искачи до 36 Целзиусови степени, а УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје и утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови и со слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе биде до 32 Целзиусови степени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close