![](https://zelenaberza.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/287266601_5377442985646171_7492809433028085666_n-719x470.jpg)
Сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.
Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Во попладневните часови ќе има ќе има развој на нестабилна облачност со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.
Во Скопје, ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 28 степени.Ретка појава на пороен дожд и грмежи се очекува во вторник, претежно во планинските подрачја, а од среда ќе настапи стабилизирање на времето. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.