вести

Соопштение од АФПЗРР

 

Vesti

afpzrr

 

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува млекопроизводителите дека рокот за поднесување на барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од октомври до декември 2016 година завршува на 16 мај 2017 година. Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар. Барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.

Исто така, на 16 мај 2017 година завршува рокот за поднесување на барања за директни плаќања за несилки внесени во капацитет за производство на јајца во период од октомври до декември 2017 година. Висината на поддршката изнесува 100 денари за купена и внесена неслика во одгледувалиште на кокошки несилки за производство на јајца. Барањата се поднесуваат во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или пошта. Образецот за поднесување на барањата како и потребната документација може да поднине во Агенцијата или да се превземе од веб страната: www.ipardpa.gov.mk, во полето „Директни плаќања 2017“, „Обрасци“.


 

ипард.па.гов.мк

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close