вести

Србите за храна и пијалоци трошат помалку од две евра дневно

hrana

На граѓаните на Србија трошоците за храна и пијалоци им се речиси 35 отсто од буџетот, што покажува дека животниот стандард е близу границата на сиромаштија, објави Војводинскиот истражувачко аналитички центар (ВОИЦЕ).

– Притоа граѓаните на Србија трошат повеќе отколку што заработуваат и се повеќе тонеме во социјално раслојување и нееднаквост. Експерти предупредуваат дека живееме во еден вид пензионерска економија, а младите се најсиромашни, наведува ВОИЦЕ.

Имено, граѓаните на Србија трошат помалку од две евра дневно на храна или 80 динари по оброк.

Анализите на податоците покажуваат дека секој член на домаќинство месечно за храна и пијалоци троши 59 евра, додека трпезите се посиромашни за месо, млеко, овошје, зеленчук и други најважни намирници.

Издатоците за храна се најголеми во домашниот буџет. Од ВОИЦЕ додаваат дека граѓаните на ЕУ за храна трошат 19,4 отсто од домашниот буџет, а во Србија 34,9 отсто.

– Колку една држава е посиромашна, трошоците за храна се поголеми и нејзините граѓани им останува многу малку за некои покрупни работи, а за луксузни стоки не можат ни да помислат, наведува ВОИЦЕ.


 

плусинфо.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close