Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сточарот Шабан Нухија има 900 овци и поседува сертификат за органско производство

И синовите на Шабан Нухија се сточари, младите Неџбедин и Кујтим

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, ја посети сточарската фарма на Шабан Нухија, лоцирана на планинските пасишта над селото Гургурница, на планината Сува Гора во Полошкиот Регион, каде што заедно со своите два сина, Неџбедин и Кујтим, се занимава со овчарство и органско производство.
Семејството Нухија одгледува околу 900 овци и поседува сертификат за органско производство, покажувајќи дека долгогодишната сточарска традиција може успешно да се развива во согласност со современите стандарди на производство.
За време на посетата, заменик-министерот Хоџа одблиску се запозна со секојдневната работа на ова семејство, условите за одгледување на добитокот и предизвиците со кои се соочуваат сточарите во планинските подрачја.
Хоџа ја истакна посветеноста на семејството Нухија, нагласувајќи го значењето на зачувувањето на сточарската традиција, вклучувањето на младите генерации во оваа дејност и развојот на домашното производство.
„Семејства како ова на Шабан Нухија се пример за чесна работа и посветеност на сточарството. Со 900 овци и сертифицирано органско производство, тие не само што ја зачувуваат семејната традиција, туку даваат и значаен придонес во домашното производство. Особено нè радува фактот што и неговите два сина ја продолжуваат оваа дејност“, истакна заменик-министерот Хоџа.
Посетата беше и можност за непосреден разговор со сточарите за нивните потреби и за значењето на поддршката на сточарскиот сектор, како дел од развојот на земјоделството и руралната економија.

Поврзани новости

Back to top button