fbpx
Без категорија

Стопанска комора со најдобар бизнис сајт за 2020

Годинава, се натпреваруваа 533 сајтови од целата држава, распределени во 19 категории.

Интернет страницата на Стопанската комора на Македонија на изборот на Сајт на годината во организација на Медиа солушнс е прогласен за Најдобар бизнис/корпоративен сајт.

Во истата категорија второто место го освои A1.mk, додека третото место припадна на unet.com.mk.

„На сите институции, групи и учесници кои се натпреваруваа во сите категории и кои ги освоија наградите, во името на Стопанската комора на Македонија им упатуваме честитки. Упатуваме честитки и до прогласениот најдобар сајт за 2020 година, односно до креаторите на Ковид-19 искуства и совети. Оваа награда ја посветуваме на нашите компании-членки кои и покрај сите предизвици со кои се соочуваат, во можеби најтешката година за живеење и работење предизвикана од светската пандемија со ковид-19, покажаа упорност, борба, пожртвуваност и огромна општествена одговорност. Сајтот го креираме со многу голема стручност, професионализам, посветеност и знаење. Во него учествуваат не само експертските тимови кои директно работат на него, туку целиот коморски апарат распределен низ разните форми на организирање на Комората кои преку своите активности и информации кои ги пласираат создаваат платформа за поддршка на компаниите“, велат од Стопанската комора.

Изборот за сајт на годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во нашата земја.

Годинава, се натпреваруваа 533 сајтови од целата држава, распределени во 19 категории.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close