Агро бизнисВестиТоп вести
Студот попушта – до петок ќе се задржи стабилно и суво време
Денес температури од 3 до 10 степени
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До петок ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по котлините. Температурите ќе бидат во постепен благ пораст. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност со услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура ќе биде во опаѓање.





