Субвенционирање на системи за наводнување

Земјоделците кои сакаат да инвестираат во системи за наводнување капка по капка и во бунари, можат да побараат субвенционирање од најмалку 50 проценти од вложените пари. Огласот на кој треба електронски да аплицираат, ќе трае до 21-ви овој месец.

До 1.800.000 за системи за наводнување капка по капка и до 364.000 денари за копање на бунари и други зафати на вода можат да добијат земјоделците доколку се јават на огласот на платежната агенција.

На располагање се 20 милиони денари, а финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции во висина од 50 проценти од прифатените трошоци. Процентот може да се зголемува до 55 ако се работи за млад земјоделец, односно од 60 до 75 отсто доколку се работи за неразвиени рурални заедници.

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018-та година.

Апликациите со ист број на бодови ќе се рангираат според  датумот и времето на поднесување на електронското барање.

Земјоделците несмеат да почнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на Договорот со Агенцијата.

Крајниот рок за доставување на барањата е 21-ви овој месец.

 


 

mrt

Share Button