ВестиДвор и градинаЕкологијаМакедонијаРурален туризамТоп вестиФотогалерија

„Шумски фенери“ -Најфотографираното новогодишно царство под Пелистер

(фотогалерија)Едноставно „Шумски фенери“ создава новогодишни чуда за кои битолчани, скопјани, гости од сите краишта на државата, млади и возрасни стрпливо чекаат ред за да ги овековечат со своите мобилни телефони овие предновогодишни моменти со своите сакани и блиски полни со среќа, незаборавни мигови, љубов, насмевки, позитивни чувства и сè што е убаво во животот.

Вистинско новогодишно царство повторно е создадено во дворот и објектот на најпривлечниот хотел и ресторан „Шумски фенери“ во потпелистерското село Трново.

Во пресрет на новогодишното славење сопствениците на „Шумски фенери“ повторно постигнаа раскошна новогодишна бајка со преубава накитена елка, со стотици и стотици  лампиони, сијалички, светкави ленти, дедо мразовци, разни божиќни орнаменти изработени од вештите раце на сопствениците, па, очите ќе ви ги маѓепсаат  срнчето и јагнето изработени од дрво, трупците со ликот на Дедо Мраз, големите ѕвонци и што уште не… Гранки накитени со новогодишни мотиви, дрвени прачки и подароци на кои се наредени украси, лампиони, шишарки, хартиени орнаменти…едноставно маѓепсуваат со сета таа светлина и создаден амбиент како од приказните.

Едноставно „Шумски фенери“ создава новогодишни чуда за кои битолчани, скопјани, гости од сите краишта на државата, млади и возрасни стрпливо чекаат ред за да ги овековечат со своите мобилни телефони овие предновогодишни моменти со своите сакани и блиски, полни со среќа, неаборавни мигови, љубов, насмевки, позитивни чувства и сè што е убаво во животот.

Па така фотографиите се редат од пред елката, од пред секој неверојатно возбудлив дел од оваа приказната.

Волшебен и празничен е и амбиентот во самиот ресторан, светлината на жарот во каминот покрај свечено украсената елка натежната со разнобојни лампиони и украси кои во себе кријат по некој спомен. Секоја детаљ е осмислен и толку топол како прегратката на ближниот.

Љубезноста, питомоста и пречекот од домаќините го зачинува целиот овој амбиент кој од година во година е се покреативен и поразличен од другите.

-Секоја години пред новогодишните празници го уредуваме нашиот двор и ресторан, само што секоја нова година додаваме и по нешто ново. На елката висока 5 метри поставени се 1200 лампиони, од кои оваа година 250 лампиони се нови. Трупчињата со ликот на Дедо Мраз ги направи мојот сопруг, му ставаме носиња и ги нацртавме. Снешкото, срнчето, јагнето исто така ги направи мојот сопруг од дрво. А се што гледате дека е украсено е мое и од мојата снаа Елена. Дел од украсите се бирани со години, а дрвеното војниче на влезот од ресторанот е од минатата година. Интересни сме по многу нешта за што сведочи и големиот интерес на битолчани, на нашите гости од сите краишта на државата да доаѓаат овде и да се фотографираат. Тие фотографии за нас значат многу, раскажува Љубица Мушуланова Ристевска, чие семејство е сопственик на „Шумски фенери“ најомиленото место на генерации битолчани.

Овој мал семеен хотел со ресторан се наоѓа на 900 метри надморска височина во шума, во подножјето на Националниот парк Пелистер. Хотелот опстојува од 1988 година и е на 4 км од градот Битола и 25 километри од грчката граница.

Ресторанот кој е во склоп на хотелот нуди пријатен амбиент со извонредно гостопримство, во комбинација со одлична храна и избор на пијалаци, кој ќе ве инспирираат. Овде можете да најдете соодветна атмосфера за романтична вечера или мала прослава. Од пролет до есен терасата е отворена секој ден, кога дозволуваат временските услови. Гостите можат да седат надвор на сончевата тераса и да уживате во прекрасната глетка на природата, убавата градина и цвеќињата со прекрасни кулинарски искуства, ова е само дел од понудата на „Шумски фенери“.

А. Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close