вестиМакедонијаТоп вести

Шверцот со нелегален тутун зема замав на пазарите во Македонија

На градските пазари, покрај тезгите со компири, пиперки и домати може да се купи сé и сешто – од шрафови и најразличен алат, преку козметика, чанти, обувки, облека, часовници, до цигари и режан тутун. Состојбата денес секако е нешто подобра бидејќи на тезгите не можат како порано да се најдат млечни и сувомесни производи, чоколади и други кондиторски и прехранбени производи, кои претставуваа сериозен ризик по здравјето, не само поради несоодветното чување и продажба, туку и поради фактот што многу често се работеше за производи со изминат или фалсификуван рок траење. Но, затоа има друга нелегална стока.

Законот за трговија на пазарите дозволува продажба на козметика, облека, обувки, алат и слични производи и на пазарите, за што е потребна да се добие лиценца. Меѓутоа, само доколку се работи за производи за кои постои легална документација за набавка, односно увоз. А тоа, поради огромниот број на производи кои се нудат на тезгите, најчесто не се контролира. Доволно е да се погледнат тезгите со облека на кои има изобилство производи со  заштитени трговски марки, како Најк, Адидас и други, што самото по себе укажува дека се работи за нелегална продажба.

Најеклатантен пример за нелегална продажба на пазарите е продажбата на фалсификувани цигари, нелегален режан тутун и целата „опрема“ за виткање цигари. И тоа не само надвор од пазарите, на кутии и поставени масички, туку и во самите пазари каде „најлегално“ се изнајмени тезги на кои можат да се најдат цигари кои кај нас ги нема во регуларна продажба, што значи дека не потекнуваат од легалните увозници. Може да се избере и режан тутун спакуван во ќеси или кутии со ознаки на Марлборо, Карелиа и други познати брендови. А во суштина се работи за нелегално внесен тутун со непознат квалитет – не се знае составот, потеклото, начинот на складирање и останатите карактеристики кои влијаат врз неговиот квалитет и специфики. Анализите кои досега се правени потврдуваат дека истиот најчесто содржи енормно високо ниво на катран и пестициди и е штетен по здравјето на луѓето.Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.

Извор: Фактор

Слични написи

Back to top button
Close