fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Обилниот снег ги врати посетителите на Голак

На останатите места во Пијанечко-малешевскиот регион кои водат до туристичките локалитети каде има снег, патиштата исто така се проодни, без посериозни проблеми по одвивањето во сообраќајот.

Обилниот снег кој изминатата недела непрекинато паѓаше на планината Голак, викендов ги измами посетителите да се искачат на делчевската планинска убавица и со своите најмали да уживаат во снежната белина која отсуствуваше во градот. Според дел од граѓаните, добро е што поради проодноста на патот Делчево – Голак им било овозможено да уживаат во снегот.

– Голак како место каде некогаш доаѓаа рекреативци од цела држава и пошироко секогаш во зима го има својот препознатлив сјај. Патот беше чист до одморалиштето,  што покрај снежни доживувања на децата овозможи и долги прошетки на присутните. Навистина денот беше прекрасен и убаво беше да се биде денес на Голак, истакна посетител.

Од подружницата на ,,Македонија пат” потврдија дека имале интервенции со градежна механизација, наспоменувајќи дека патот Делчево – Голак е чист по целата должина, со тоа што на некои места биле забележливи паднати дрвја, кои се отстранети.

На останатите места во Пијанечко-малешевскиот регион кои водат до туристичките локалитети каде има снег, патиштата исто така се проодни, без посериозни проблеми по одвивањето во сообраќајот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close