Механизација

TAFE 42 DI

Tractors and Farm Equipment Limited (TAFE), е компанија која што работи во рамките на Amalgamations групација, една од најголемите инженерски групации во Индија. Покрај производство на трактори оваа групација произведува и дизел машини, автомобилски делови како и други приклучни машини, хидраулични пумпи, алати, батерии и слично.

 

ТАFE е основан во 1961 година во соработка со Massey Ferguson од Велика Британија, а се со цел да се започне производство на трактори и други приклучни машини.

Еден од најпродаваните модели на TAFE е моделот TAFE 42 DI. Овој трактор поседува популарен дизајн, извонредни перформанси, лесен e за управување и поседува хидрауличен систем кој што е прилагоден на корисникот.

 

Карактеристиките на моторот на TAFE 42 DI:

Број на цилиндри: 3

Волумен: 2.5 литри

Моќност на моторот: 43 ks (32,1 kW) при 2000 o/min

Ладење: водно под притисок

 

Карактеристики на електричната инсталација:

Акумулатор: 12 v – 85 Ah

Алтернатор: 28 amp.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close