fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Бачовски-Нова мерка за поддршка на земјоделците – бизнис план во земјоделството

Мерка која ќе биде отворена цела година преку Програмата за рурален развој и која на земјоделците им дава можност сами да одлучат во што ќе инвестираат.

Развојот и модернизацијата на македонското земјоделство е важна цел на која Министерството за земјоделие и АФПЗРР заеднички работат изминатиов период.

-Креираме нова мерка за поддршка на земјоделците, односно бизнис план во земјоделството. Мерка која ќе биде отворена цела година преку Програмата за рурален развој и која на земјоделците им дава можност сами да одлучат во што ќе инвестираат. Тогаш кога се тие поготвени, да направат бизнис план и да аплицираат, инвестирајќи во нова опрема или механизација. Поракај програмата за Рурален развој на располагање ја ставаме и новата ИПАРД 3 програма, каде на располагање имаме 210 милиони евра средства наменети за инвестиции во наредните 7 години. Она што е ново кај оваа програма е што обезбедуваме можност и за авансна исплата на 50 отсто од поддршката, а се олеснува и прагот за минимум прифатливите трошоци по проект за мерките 1, 3 и 7 од ИПАРД 3 прогамата, напомена директорот на АФПЗРР Никица Бачовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close